Написи

Високиот крвен притисок и срцевиот удар

Врз здравјето на срцето влијаат многу фактори, од кои пред се животниот стил и присуството на други болести играат важна и клучна улога. Хипертензијата (високиот крвен притисок) е број еден фактор на ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања. Развивајќи се тивко и незабележливо, често останува непрепознатливо, а со текот на возраста, станува се поизразено. Основните

Каква штета му прави високиот крвен притисок на нашиот организам?

Хипертензијата (висок крвен притисок) може да му нанесува оштетувања на вашето тело долги години, без да почувствувате некакви симптоми. Ако не се контролира, високиот крвен притисок може да доведе до различни проблеми, нарушување на квалитетот на животот, срцев удар или мозочен удар. Подолу ќе разгледаме кои органи и системи се под влијание на високиот крвен

Високиот крвен притисок и дијабетот?

Дијабетесот и високиот крвен притисок се меѓусебно поврзани болести. Дијабетес мелитус е еден од главните ризик фактори, одговорен за голем број на болести на кардиоваскуларниот систем. Многу голем процент на возрасни дијабетичари имаат крвен притисок над 130/80 mmHg или земаат лекови за хипертензија. Доколку не се лекува, овие состојби можат да доведат до срцеви заболувања

Како се дијагностицира висок крвен притисок?

Хипертензијата или високиот крвен притисок често се смета за „тивка болест“ затоа што можете да живеете со оваа состојба со години, без да знаете дека ја имате. И покрај тоа што може да немате симптоми, високиот крвен притисок му штети на организмот и на крај може да доведе до развој на посериозна кардиоваскуларна болест. Затоа

Која е врската помеѓу храната и високиот крвен притисок?

Високиот крвен притисок е болест која е резултат од многу фактори. Генетските фактори играат голема улога во предизвикување на високиот крвен притисок. Сепак, веднаш по нив, е начинот на живот кој го водиме. Честопати, проблемите со крвниот притисок се резултат на фактори како што се: Дебелина и седентарен начин на живот Неправилна исхрана Лоши навики

Дали е важно кога ги земаме лековите за крвен притисок?

Луѓето со висок крвен притисок кои земаат антихипертензиски лекови еднаш дневно, односно пред спиење имаат подобрo контролиран крвен притисок, за разлика од оние кои земаат лекови наутро. Ова е резултат на нова студија, која исто така додава дека овие луѓе се изложени на значително помал ризик од проблеми со срцето и кардиоваскуларниот систем, за разлика

Висок крвен притисок и COVID – 19 – има ли нешто заедничко?

Науката сè уште го бара одговорот за тоа како COVID-19 влијае на луѓето со коморбидни хронични заболувања. Ако страдате од висок крвен притисок, сигурно се прашувате во последно време дали спаѓате во некоја ризична група. Дали е можно луѓето кои страдаат од хипертензија да бидат изложени на зголемен ризик од инфекција со коронавирус? Информациите објавени

Митови и факти поврзани со крвниот притисок и пулсот

Општо е верувањето  дека нивото на крвниот притисок е директно поврзано со отчукувањата на срцето. Вистината е дека кога го мериме крвниот притисок, апаратот ја зема предвид силата со која срцето ја пумпа крвта во нашите артерии, додека пак пулсот ги брои срцевите отчукувања во минута. Денес, ние рушиме неколку митови за врската помеѓу крвниот

Висок крвен притисок и студено време

Знаете ли кој е најлесниот и најефикасниот начин да го избегнете високиот крвен притисок во текот на зимата? Одговорот е добро облечете се. Промената на годишните времиња директно влијае на крвниот притисок. Според  лекарите поверојатно е крвниот притисок да има нормални вредности  преку летото отколку во зима, независко во кој дел од светот живееме, на

Дали е аритмијата опасна за тебе?

Аритмија Аритмијата е состојба при која срцето не работи правилно и рамномерно. Оваа состојба се појавува често и начелно нема причина за вознемирување. Сепак факторите кои ја предизвикуваат се многубројни и различни, а некои можат да бидат и опасни. Затоа е важно симптомите на аритмијата да не се занемаруваат туку да бидат следени внимателно и

Имам висок крвен притисок – Како да се погрижам за себе?

Постојат 8 основни начини да се погрижите за својот висок крвен притисок: Подобрете ја диетата и исхраната – особено важно е намалувањето на солта; Започнете редовни физички вежби и оптоварувања; Грижете се за вашата тежина; Намалете го стресот; Откажете ги цигарите; Строго земајте ги пропишаните лековите; Намалете алкохолот, препорачливо e да се престане со алкохол;

Зошто високиот крвен притисок е толку важно?

Дознајте што ви прави на вашето тело. Високиот крвен притисок може да доведе до сериозни здравствени проблеми. Првото и најважно нешто што треба да знаете е дека високиот крвен може да ве убие. Го викаат “Тихиот убиец”, бидејќи често нема симптоми. Вие може и да не дознаете како хипертензијата ги оштетува Вашите органи и артерии.

Како високиот крвен го оштетува срцето и артериите?

Дознајте зошто високиот крвен е толку опасно. За да се заштитите, најважно е да сте информирани: Што е висок крвен притисок, какви се ризиците при висок крвен притисок, каков е вашиот крвен притисок, како да се користи апарат за крвен притисок. Како високиот крвен притисок ги оштетува атериите? Прво се оштетуваат ѕидовите на артериите. При

Митови за високиот крвен притисок

Се чувствувам добро. Нема зошто да се плашам од висок крвен притисок.Илјади Македонци имаат висок крвен притисок и многу од нив не знаат, бидејќи не чувствуваат симптоми. Многу често високиот крвен притисок се развива без сликовито изразени симптоми. Затоа го нарекуваат “Тихиот убиец”. Единствениот начин да бидете сигурни е редовно да го проверувате крвниот притисок.